“ИЗГЛЕДАШ КАКО ДА ИМАШ 25 ГОДИНИ“: Салма Хаек си го „испегла“ лицето, фановите згрозени (ФОТО)

by Тони Зографски

Салма Хаек неодамна објави своја фотографија на Инстаграм, а вниманието на јавноста го привлече нејзиното „испеглано“ лице.
Оваа 56-годишна актерка изгледаше непрепознатливо, а нејзините многубројни обожаватели беа многу разочарани.
Како што пишува „Daily Mail“, следбениците на Салма оставиле различни коментари на споменатата социјална мрежа, а меѓу нив имало забележливи и бројни критики за нејзиниот изглед. Наместо 56 години, актерката изгледала како да има 25, а со оваа постапка ја деградирала убавината на стареењето.

„Кој е ова?“, „Изгледаш како да имаш 25 години“, „Колку години има таа“, „Изгледаш убаво, затоа престани да користиш ‘face tunning’ (апликација за корекции на лицето), ова излегува од контрола“, беа само некои.

останати вести