Американскиот актер со грчко потекло Мајкл Константин почина на 94 -годишна возраст. Најпознат е како татко во хит филмот „Мојата голема дебела грчка свадба“.
Актерот почина од природна смрт на 31 август во неговиот дом во Пенсилванија, потврди неговиот агент за „Вараети“.
Иако играше бројни улоги во текот на неговата долга кариера, Константин ќе остане запаметен по својата работа на хит комедијата „Мојата голема дебела грчка свадба“, во која глумеше Грк кој живее во Америка, но кој не успева да се вклопи таму. Актерот е и син на грчки емигранти.
Филмот од 2002 година заработил 5 милиони долари, а продолжението од 2016 година заработило скоро 370 милиони долари на благајните ширум светот. Мајкл ја повтори својата улога во кратката серија на CBS снимена на истата тема, а потоа и во продолжението на филмот, што беше последен пат кога се појави на големото платно.
Константин ја започнал својата кариера на њујоршката театарска сцена, а пред „Грчката свадба“ беше познат телевизиски актер, кој го играше режисерот Симур Кауфман во комедијата „Соба 222“, која се емитуваше на каналот АБЦ од 1969 до 1974 година. За таа улога двапати беше номиниран за Еми награда, а еднаш и го доби тоа признание.
Тој го снимил својот прв филм во 1959 година, „Последната милја“ и имал мала, но значајна улога во филмот „Hazarder“ од 1961 година, со Пол Њуман во главната улога.
Од актерот се збогува неговата филмска „ќерка“ Ниа Вардалос на Твитер:
„Мајкл Константин, таткото на нашето филмско семејство и вечен пријател. Глумата со него беше исполнета со љубов и забава. Секогаш ќе го ценам овој човек што го оживеа Гас. Ни даде толку смеа и сега заслужува пауза. Те сакаме, Мајкл “, напиша Вардалос.