Џорџ Клуни во 2013 година на 14 свои пријатели им подарил по еден милион долари.
Пријател на Клуни и на успешниот бизнисмен Ранде Гербер открил во интервју за „ MSNBC“ дека Џорџ и нему му дал еден милион долари. Гербер, Клуни и уште еден нивни пријател во 2017 година ја продале компанијата „Casamigos” за една милијарда долари.
На прашањето на магазинот „ GQ“ да даде образложение зошто на пријателите им дал по еден таков екстравагантен подарок, Џорџ Клуни истакнал дека во тоа време бил самец кој старее и не очекувал дека ќе оформи семејство.
-Тоа што го имам се тие момци кои се постари од 35 години, сите ми помогнале на овој или оној начин, така одлучив. Спиев кај нив дома кога бев без пари. Ми позајмуваа пари кога немав. Ми помагаа со години кога беше потребно. И јас нив и помагам низ годините. Сите сме добри пријатели – одговорил Клуни.
Славниот актер потоа дополнил дека мисли дека тој ништо не би имал ако не се неговите пријатели.
-Навистина сме блиски. Си помислив ако ме удри автобус тие сигурно ќе бидат во тестаментот. Па зошто да чекам да ме удри автобус, – порачал Џорџ Клуни.