Холивудскиот глумец Бо Хопкинс, познат по улогите во класиците како „Американски графити“, „Полноќен експрес“, „Бегство“, почина на 80-годишна возраст.
Веста е објавена на официјалната веб-страница на актерот, а ја пренесе магазинот „Вераџети“.
-Со голема тага соопштуваме дека Бо почина – стои на веб-страницата.
Роден 1942 година како Вилијам Хопкинс, тој подоцна си го сменил името во Бо, во знак на почит кон првиот лик што го играл на Бродвеј, во преставата „Автобуска станица“.
Во текот на својата долга кариера, Хопкинс оствари забележителни улоги во филмот, но и на телевизија.
Хопкинс е познат и по улогите во „Династија”.