Ќерката на композиторот Александар Митевски, Ања, наполни 18 години. Авторот на популарната спортска химна “Македонија навива за вас“ која ја испеа Тоше Проески, на Фејсбук објави дека ќерка му станала полнолетна. Тој носталгично објави и слика од Ања кога била мала.
Митевски оваа недела имаше уште причина за славење. Неговата помала ќерка Мања наполни 13 години. Последниов период, авторот и пејач е послабо активен со своја музика, а повеќе посветен на продуцентската работа, рекламните спотови и детската музика. За своето семејство, тој ретко зборува во јавноста.