Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ќе си продолжи со раководењето со ФК Вардар. Самсоненко имал состанок со играчите во Вардар, најавил дека останува до јуни во Вардар, до почетокот на април ќе ги исплати играчите за клубот да добие лиценца и право на настап на натпреварите под покровителство на УЕФА.
Русинот им објаснил на играчите, стручниот штаб и раководните луѓе дека има финансиски проблеми, бара начин да изнајде решение и да ги исплати побарувањата.
Претходно, пред една недела, на подготовките во Анталија, Самсоненко прати абер до фудбалерите дека си заминува од клубот.
Инаку, Вардар продолжува со подготовките во Скопје, а во првото пролетно коло игра против Македонија ЃП.