Зошто оваа жена носи вагини на себе?“: Актерката прошетала во безобразен фустан на доделувањето „Златни глобуси“ (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Доделувањето „Златни глобуси“ дефинитивно ќе остане запаметено по одличните модни комбинации со кои брилираа познатите дами. По Џенифер Лопез, Марго Роби и Кејт Бекинсејл, на настанот се појавила и Џилијан Андерсон.

Ѕвездата од ТВ-серијата „Досие Икс“ одлучила да им пркоси на модните правила и да се појави во необичен фустан, кој привлекол големо внимание.

Додека фоторепортерите ја фотографирале, на почетокот никој не ни забележал што има на фустанот. Топ-моделот во бела боја бил изработен во балски стил, а оставил впечаток на совршена елеганција и гламур. Сепак, ако погледнете малку подобро, ќе видите дека целиот е покриен со женски полови органи, што и самата актерка го потврдила во интервју.

Фустанот го дизајнирала Габриела Херст.

„На него има вагини, ги гледате?“, рекла Џилијан за време на интервјуто.

останати вести