“ЗОШТО ДА НЕ?“: Новинарка му рече на Зеленски дека сака да го прегрне, но не смее (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во средата го посети Обединетото Кралство и изненади новинарка со прегратка за време на прес-конференција.

Украинската новинарка на Би-Би-Си станала и пред нејзиното прашање рече дека би сакала да го прегрне Зеленски, но веројатно нема да ѝ биде дозволено.

„Зошто да не?“, одговори Зеленски, пред да излезе од говорницата и да ја прегрне новинарката на нејзино задоволство.

останати вести