Земјотрес од 4.7 степени го погоди Истанбул

by Тони Зографски

 Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Истанбул, Турција.
Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) земјотресот се случи во 16:37 часот по локално време со епицентар во морето Мармара кај населбата Силиври, на длабочина од 7,09 километри.

Сè уште нема податоци дали земјотресот предизвикал жртви или материјална штета.

 

останати вести