Клер О’ Конор (35), инаку мајка на три деца, откако не била задоволна од платата што ја добивала работејќи како собарка во хотел, се одлучила да покрене нов бизнис. Имено, Клер сега чисти по куќи сосема гола, и на час може да заработи и до 120 долара.
Според нејзиниот ценовник, 120 долари е час ако чисти гола, 110 долари во топлес и 97 долари ако работи во долна облека или облечена како француска собарка. Ако и успее овој проект, таа се надева дека ќе оформи женски и машки тим за чистење, пишува Lad Bible.
-Уште е рано да кажам како ќе биде. Размислував да пробам нешто поразлично? Мислам дека некој ќе ужива во тоа, – вели Клер која живее во Валдерслејд, Кент.
-Одлично се снаоѓам, не сум срамежлива. Малку е непријатно првите неколку пати, но штом подобро ќе го запознаете клиентот, тогаш сте мирни. Нема допирање, фотографирање, додатни услуги, само влегувам, си ја завршувам работата и си одам – вели Клер која има поддршка од сопругот.
-Тој ја поддржа идејата, иако во прв момент мислеше дека е шега, но на крајот ми даде согласност, веројатно кога се подзамисли околу парите. Тој знае каква личност сум јас.