ПО ЛУДА ЗАБАВА НА МИКОНОС: Собарки им ги изеле чоколатцата на гостите, па почнале да халуцинираат

by Тони Зографски

На Миконос пет собарки завршиле во болница откако консумирале слатки кои во собите ги оставиле гостите, а кои биле полни со халуцигени супстанци.

Дека Миконос е остров познат по лудите забави на кои се користи и дрога не е нов податок. Во изнајмените вили, остануваа се и сешто по заминувањето на богатите гости.

Како што јавува Прототема, пет собарки се хоспитализирани откако јаделе чоколади и слатки кои останале во фрижидерите по заминувањето на гостите.

Се утврдило дека слатките содржеле псилоцибин, супстанца со сличен ефект како и ЛСД, која може да предизвика еуфорија, нагла промена на емоциите и халуцинации.

останати вести