Џенифер Лопез во проѕирен фустан со златни кристали се појави на премиерата во Лос Анџелес на нејзиниот најнов филм „Шотган вединг“. Со изборот на модна комбинација предизвика голема врева – некои се воодушевуваат на „голиот фустан“, додека повеќето сметаат дека под итно треба да ја смени личноста која ја стилизира и дека речиси никогаш немала погрда облека.

Латино дивата зачекорила на црвениот тепих во беж фустан од проѕирен материјал, покриен со златни светки. Креацијата е дело на модната куќа Валентино, а раскошниот долг фустан со висока јака се шири кон дното, оставајќи впечаток дека ѕвездата на романтичната комедија носи долга наметка. Под „голиот“ фустан се гледало беж боди украсено со жолта машна врзана околу половината.

Овој необичен стајлинг го заокружила со елегантна пунџа и впечатливи парчиња накит, меѓу кои се истакнаа висечките сребрени обетки, како и жолтата клач чанта со потпис на брендот Тајлер Елис. Но, се чини, дека чевлите ги освоија сите критики! Имено, најчестите коментари беа дека вакви чевли често може да се забележат во стриптиз баровите.

Dženifer Lopez

Меѓутоа, ако ја оставиме гардеробата на страна, во ова издание Џенифер го истакна своето извајано тело, до израз дојдоа сите мускули. Таа уште еднаш на дело покажа дека секоја жена над 50 години може да изгледа подобро од многу помлади девојки.