Шеикот Мухамед бин Рашид ал-Мактум, еден од најмоќните лидери на Блискиот Исток и неговата сопруга, принцезата Хаја бинт ал-Хусеин, започнаа правна битка во Лондон за благосостојбата на нивните деца, пренесува Би-би-си. Откако побегна од шеикот, принцезата Хаја е фотографирана пред судот во Лондон, каде започнала борбата за старателство над децата. Со нејзе биле нејзината адвокатка и телохранителот.
Ако шеикот ја добие оваа правна битка, најверојатно принцезата Хаја веќе никогаш нема да може да ги види своите деца. Поради тоа, таа е многу вознемирена. Многумина очекуваат дека на судењата таа ќе изнесе валкани тајни од нивниот живот, а јавноста и таблоидите едвај чекаат на тоа.
Инаку, гламурозна принцеза минатиот месец побегна за да се спаси од нејзиниот брак со шеикот и се претпоставуваше дека се наоѓа во едно од најлуксузните предградија на Лондон. Претходно, месецов, беше објавено дека таа се крие во Лондон бидејќи стравува за нејзиниот живот.