Глумицата и поранешна вереница на боксерот Владимир Кличко, Хејден Панетијер (30) била претепана од своето момче, актерот Брајан Хикерсон (31) кој полицијата веднаш го уапси поради семејно насилство.
Нападот го пријавиле нивните соседи кои виделе како актерот шета низ дворот откако таа го исфрлила од куќата. Полицајците известиле дека Панетијер имала црвено и отечено лице како и гребаница на раката.
– Го уби бог во мене – викала актерката во моментот кога се појавила полицијата. Брајан врескал дека „не сака да биде обвинет за некакви сра*а, но не кажал дали ја удрил Хејден.
– Од старт знаевме дека Брајан е темпераментен и избувлив. Ја предупредувавме Хајден, но таа не сакаше да не послуша. Ја имаше удрено неколку пати. По инцидентот таа не живее во својот дом. Во моментов се наоѓа на друга локација“, велат нејзините пријатели.
Инаку, полицијата пред само девет месеци го уапси Хикерсон, бидејќи ја нападна Хејден. По првиот инцидент кој се случил пред неколку месеци, тие се видени заедно само две недели откако Брајан добил забрана да и се приближува.