Бебек настапувал во Арена Загреб кога доживеал несреќа и паднал на бината.

Додека носел мегафон во рака и се приближувал кон публиката, Бебек наеднаш колабирал.

Кога се обидел да стане, повторно изгубил рамнотежа и паднал, а видеото од несреќата ги преплави социјалните мрежи.

На крајот, пејачот некако дошол до клавијатуристот и се држел за него, бидејќи очигледно имал проблем да остане на нозе.

И додека едни тврдат дека Жељко „испил половина шанк“, како што пишува во една од неговите песни, други се расправале и го бранеле во коментарите, тврдејќи дека е јасно дека се сопнал, а други коментирале дека „човекот можеби има проблем“, објави Телеграф..