Ева Лонгорија никогаш не изгледала подобро – и на 47 години се’ уште може да се пофали со женствена фигура, а нејзината сексипилност и харизма се добро познат факт!
Ева со денови ужива во својот летен одмор ширум Европа и светот, а овој пат замина во Марбела со сопругот Хозе Бастон и синот Сантијаго.
Џебната Венера уште еднаш ја воодушеви јавноста, шетајќи во минијатурни црни бикини и ја покажа својата прекрасна фигура.
Имено, популарната актерка се одлучи за танга-гаќички и горен дел од триаголник, истакнувајќи го својот извајан, тркалезен задник.
Ева навистина изгледа феноменално, но повторно како вистинска и природна жена – без силикони и со некои ситни несовршености.