Иако законот за семејно право на Босна и Херцеговина јасно пропишува дека брак не може да склопи лице кое е во брак, сепак, има бројни случаи на бигамија.
Така, Нијаз Хоџиќ од Кладањ признал дека живее со две жени, како што тој вели, кој се слагаат како сестри.
– Живеам со две жени и не знам зошто тоа би го криел кога шеријатското право тоа го дозволува.
Нијаз со првата жена Рамзија се венчал уште 1981 година, а со Емина во 1990 година.
– Двете се слагаат како родени сестри. Се грижат за мене, и со двете имам по две деца. Сите заедно среќно живееме. Нема тука никаква бигамија. Важечките закони не дозволуваат венчавање со две жени, но имам шеријатско право и мене тоа ми е сосема доволно – вели тој.
Интересно е што иако со Емина не склопил законски брак, таа го променила презимето во Хоџиќ, а пред тоа го сменила и името. Претходно се викала Јагода.
Од бракот со Рамзија, Нијаз го има синот Алија, и ќерката Амра, а од бракот со Емина, ќерките Аида и Азра.