Една од најпознатите и најреномираните пејачки на народна и забавна музика, Росана Сариќ- Тодоровска ужива во пензионерските денови. Откако се откажа од музиката, таа работеше во една фирма за домашна конфекција, а потоа и во книжарницата „Култура“ во центарот на Скопје.
Во интервју за „Слободен печат“ таа откри дали има омилена песна со сестра ѝ Маријана:
– Целата кариера со Маријана ми е омилена. Направивме навистина голем број хитови, но ако веќе морам да одберам омилена, тогаш нека бидат „Едно срце имам душо“ со Маријана и „Надежи“ со мојот покоен брат Мирослав. Најмногу ми е жал дека никогаш не си го остваривме ветувањето еден ден да се собереме јас, сестра ми и брат ми, заедно со нашите деца, да испееме нешто, – изјави Росана која во ужива во времето поминато со нејзиниот внук Ноах, од ќерката Ивана и зетот Џејмс:
– Со Ноах се чуваме секој ден во текот на работната недела, додека неговите родители се на работа, бидејќи пред пандемијата почна да оди во градинка, без проблем ја прифати, со радост одеше, сè додека не ги затворија. И покрај тоа што сега градинките се отворени, ние како семејство решивме дека во моментов најбезбедно би било да го чуваме јас и дедо (Ѓорѓи Тодоровски – Трупче, н.з.). Секој ден ни поминува низ многу музика, смеа, шеги и игра.
Повеќе на „Слободен печат“ .