Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ пред седум дена се породи со син, но гордите родители сеуште не откриваат како ќе се вика.
Но, Ана сепак го почести своите следбеници со првата нејзина фотографија по породувањето. Фотката е направена во Чикаго, на која екс тенисерката е во опуштено издание, во спортски стил. Тоа што најмногу ги воодушеви нејзините фанови е како Ана изгледа.
Таа доби многу пофалби за својата фигура.