Регулаторното тело за лекови во Куба ја одобри домашната вакцина „Соберана 2“ за итна употреба, што овозможува целосно вклучување на лекот во програмата за имунизација во таа земја, која се бори да ја потисне епидемијата на коронавирус и ширењето на позаразната делта-варијанта.
Вакцината Соберана, за која Куба тврди дека е 91,2 проценти ефикасна, веќе е искористена за вакцинирање на голем број здравствени работници и обични граѓани во области со висока стапка на инфекција, пренесе Ројтерс.
Одобрувањето на Регулаторното тело за лекови, медицински помагала и опрема значи дека лекот, кој се состои од две почетни и трети засилувачки дози, може да се користи во рамките на националната програма за вакцинација и може да помогне да се лиценцира оваа вакцина во странство.
Здравствениот систем на Куба е погоден од бран на ширење на вирусот, паралелно со недостаток на лекови, кислород, лекари и опрема, а само една четвртина од околу 11 милиони луѓе се целосно вакцинирани.