Епидемиологот и експерт за заразни болести, Нејтан Вулф предупреди пред 12 години дека светот не разбира како треба да се носи со заразните болести.
Вулф веќе повеќе од 10 години истражува такви случаи во Африка. Toj пред 12 години однел тим на Си-Ен-Ен длабоко во шумата Камерун за да им покаже на кој начин вирусот преминува од животните на луѓето, односно како може да влијае на целиот свет.
Го опишал процесот на ширење на инфекциите и предупредил дека ова би можело да стане честа појава во иднина, затоа што луѓето ги уништуваат шумите и градат патишта во деловите на светот кои инаку биле препуштени само на животните. На тој начин се приближуваат до дивината и го забрзуваат процесот на ширење на вирусите. Уште тогаш Волф апелирал да се запре со градење во шумите, со што би се спречило ширење на вирусот и евентуалната пандемија.
Екипа на Си-Ен-Ен спровел низ шумата и им покажал како ловците фаќаат животни кои се веќе заразени. Доколку таквите животни дојдат во контакт со луѓето, може да се пренесе вирусот.