Поранешна девојка за придружба која се претставува како Саманта X, вели дека ескорт индустријата одлично функцонира и во време на коронакриза.
Според неа без разлика колку и да е силен бракот и колку тој надворешно да изгледа „совршен“, мажите продолжуваат да ги изневеруваат своите партнерки.
Саманта Х во оваа индустрија работела шест години, и заклучила дека мажите кои сакаат да изневеруваат колку и да се преокупирани од секојдневните обврски секогаш ќе да најдат време.
Од искуството што го стекнала во својата професијата причините „зошто мажите ги изневеруваат своите сопруги“ ги поделила во три главни групи.
Во првата група поранешната ескорт девојка ги сместува мажите кои имаат ниско ниво на интимност со своите сопруги, понекогаш дури и со децении без секс. Тие се чувствуваат како „кредитна картичка“, но одбиваат да заминат затоа што не сакаат да финансиска несигурност или да ги повредат своите деца.
Втората група на мажи се оние кои инсистираат да ги сакаат своите жени, но признаваат дека им треба само промена.
И третата се оние, кои Саманта X ги нарекува „најкомплицирани“, – среќно оженетите мажи, за кои се чини дека нема причина да ги изневеруваат своите партнерки.
Таа тврди дека мажите не сакаат да ги повредат своите партнери и да го уништат својот брак и дека нивните партнерки знаат дека се изневерени, но ги затвораат очите затоа што не сакаат да се соочат со нов почеток.
– Не е моја работа да судам. Ако нешто научив во мојата улога како Саманта, тоа е дека ова не е совршен свет, ние не сме совршени луѓе и секој го прави најдобро што може. Отпрвин, ми беше тешко да разберам зошто среќните женети мажи бараат интимност на друго место, без разлика дали станува збор за придружнички или имаат долги врски. Гледам, слушам и запознавам доволно женети мажи и тоа ме спречи во мојата одлука никогаш да се омажам. И ве уверувам, не мамат само мажите. Тоа го прават многу жени, ги користат услугите на ескорт момците кои се преплавени од побарувањата на клитетките “, вели Саманта.