Актерката Енди Мекдауел вчера открила дека и е дијагностициран синдромот пириформис, ретко пореметување кое предизвикува болки во грбот.
Имено, 66-годишната актерка за време на гостувањето во „The Drew Barrymore Show“ отворено проговорила за болеста и дека мислела дека ќе мора да направи замена на колкот.
„Имам синдром на пириформис, така што тоа е мускул што го компресира мојот ијатичниот нерв и болката ми се спушта на ногата. Мислев дека ќе морам да направам замена на колк, фала богу колковите ми се во ред“, рекла таа.
Таа нагласила дека работи на подобрување на целокупното здравје и дека секојдневно прави вежби за задникот и колковите. Открила дека повеќе не боли и го сметала за чудо.
Според Националниот институт за здравје (НИХ), синдромот на пириформис е „ретка невромускулна состојба што се јавува кога пириформисниот мускул во задникот притиска на ијатичниот нерв“.
Состојбата е првенствено поврзана со ишијас. Сепак, други симптоми може да вклучуваат осетливост, болка, пецкање и/или вкочанетост во задникот и болка при долго седење, качување по скали, одење или трчање.
Синдромот на пириформис е предизвикан од оштетување, иритација или прекумерна употреба на мускулот на пириформис, што може да предизвика мускулот да стане отечен или затегнат. Често се нарекува „лажен ишијас“.