Емили Ратајковски објави разголена фотографија на Инстаграм.
Манекенката се фотографирала гола, очигледно откако се туширала и дала до знаење дека случајно отсекла дел од косата. „Упс“, напиша таа покрај фотографијата на која со рака ги покрива градите, објави Сан.
Емили Ратајковски редовно зборува во јавноста за славењето на женското тело и голотијата. „Голотијата е нормална“, рече таа во интервју во 2015 година, не долго откако го привлече вниманието на пошироката јавност во видеото Blurred Lines. Меѓутоа, во 2016 година, таа откри дека се чувствува „обесчестена“ откако еден фотограф, без нејзина дозвола, објавил голи фотографии направени од неа во 2012 година.
„Начинот на кој го направи, тоа е навреда за мене“, додаде таа.