Бизарна несреќа се случила денес околу 11,30 часот во Бечеј на српските православни гробишта.
Имено, од засега непознати причини, експлодирал ковчег. Поради силата на експлозијата, парчиња на дрво од кој е изработен ковчегот се разлетале и ја повредиле Д.А. (71) од Жабља, жена која била во близина.
Иако причината за експлозијата не е позната се претпоставува дека реакцијата се случила откако комуналните работници ставиле сув мраз во затворени шишиња во ковчегот со починатиот, со цел телото побрзо да се олади. Наводно, тие експлодирале.
Работниците веднаш го замениле ковчегот и погребот продолжил.
Истрагата за овој инцидент е во тек.