ГОЛЕМА ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ:  Бркотница со ножеви на Рузвелтова

by Тони Зографски

Тепачка и бркотница со ножеви се случи синоќа на улица Рузвелтова во населбата Карпош 1 во Скопје.

Според информациите, во угостителски објект во тепачката учествувале повеќемина млади лица, а тројца завршиле со убодни рани.  На сите тројца им е укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Скопје.

МВР соопшти дека тие „се обезбедени за расчистување на случајот“.

останати вести