СЕМЕЈНА ДРАМА: Ги врзал жена му и ќерка му, па ги однел на психијатрија

by Тони Зографски

Семејна драма се одиграла вчера во крушевско село.

Како што информира МВР, вчера во СВР Битола било пријавено дека во крушевско село, во куќата сопственост на 65-годишен маж, тој ги врзал неговата 27-годишна ќерка и неговата 52-годишна сопруга, по што насилно ги внел во неговото патничко возило и ги однел во Психијатриска болница во Демир Хисар.

65-годишниот маж бил приведен во Полициската станица Демир Хисар и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

останати вести