Веста дека Камила Џорџи (32) ја завршува тениската кариера ги изненадила навивачите и љубителите на овој спорт.
Немало никакви најави и никој не очекувал дека вакво нешто би можело да се случи.
Италијанката со години важи за една од најубавите тенисерки, а поради објавата на социјалните мрежи на Инстаграм каде има речиси 730000 следбеници, ја нарекуваат најпровокативна.
Веста за нејзиното завршување на кариерата била објавена на страницата Меѓународна агенција за интегритет на тенис (ITIA), после што италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ напишал дека VTA не била известена за нејзината одлука за крај на кариерата.
Од VTA се обиделе да конкретизираат, но не успеале и во овој момент никој не знае каде е. Се претпоставува дека ја напуштила Италија поради проблем со судот поради обвиненијата за лажни ковид сертификати.
Последната објава на Инстаграм ја имала на 18 март кога престојувала во Мајами.
Пет дена подоцна го одиграла последниот натпревар, а тоа бил мастерсoт во Флорида. Поразена била од Иге Швјонтек и после тоа повеќе не играла.
Најдобриот успех го остварила во 2018 година кога била на 26 позиција на VTA листата.