„Сергеј Коростелев, шеф на областа Лгогвски во регионот Курск, ги дарувал мајките на убиените војници со сет крпи“ – ова е статусот со фотографијата кој го шират Украинците на Твитер, а веста на Телеграм ја споделил и порталот „7×7 Horizontal Russia“.
На тој начин им оддал почит на нивните деца, а воедно им го честитал и денот на мајката. Им подарил торта.
Дел од зацрнетите мајки му се заблагодаруваат на Коростелев поради тоа што не ги заборавил, но има и такви кои се згрозени од подароците.
Така, во коментарите на локалните медиуми се јавуваат и оние кои пишуваат дека се е евтина замена за мртвите.
„Многу проѕирно. Евтини крпи како замена за мртвите“, се некои од коментарите на разочараните жители.
Инаку, Кремљ го крие точниот број на загинати руски војници. Според извештајот од крајот на септември, од 24-ти февруари загинале 5.937 војници. Украинците тврдат дека бројот изнесува 88.000.