Грците кои примаат вакцина против коронавирус ќе добијат сертификат за дигитална вакцинација, што ќе им овозможи да се движат без ограничувања меѓу регионите во земјата, а патниците кои влегуваат во земјата со сличен сертификат се очекува да бидат ослободени од тестот и карантинот.

Грчкиот сертификат содржи информации за идентификација, податоци за примената вакцина и ревакцинација и има три нивоа на заштита – QR-код, единствен код и дигитален печат. Таквата потврда беше воведена на инсистирање на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Презентирајќи го својот план за воведување единствени сертификати за ЕУ, тој истакна дека идејата е да се создаде „брза лента“ што ќе ги оживее туризмот и рекреацијата и ќе им овозможи на граѓаните слободно и без ограничувања да се движат од земја во земја.

– Сега кога крајот со постепено воведување на масовни вакцинации во сите земји на ЕУ само што се наира, таа жртва не смееме да ја земаме здраво за готово, рече премиерот.