Еве како навистина изгледа Џенифер Лопез на 54 години на плажа кога не е „монтирана“ и не позира (ФОТО)

by Тони Зографски

Џенифер Лопез е позната по тоа што има тело, но и лице кои пркосат на законот на стареење!

Се чини дека латино дивата секоја година изгледа сè подобро и подобро, а повеќето луѓе одвреме-навреме се прашуваат – дали сето тоа е можеби е оптичка илузија? Дали нејзините фотографии на социјалните мрежи се едноставно „испеглани“ и обработени?

Папарацо фотографиите на познатата пејачка од одморот на островот Св. Бартс, монденско место каде одмараат богатите и славните, и дале прилика на јавноста да видат како изгледа во живо, кога не е дотерана, нема посебно осветлување или поза во која се истакнуваат доблестите, а ги крие недостатоците на нејзиното тело.

Имено, Џеј Ло деновиве ужива во празничен одмор со својот сопруг Бен Афлек, а папараците успеале да ја „уловат“ на плажа во бикини.

Атрактивната 54-годишна пејачка прошетала на плажата во минијатурно црно бикини, прекриена со шарен кафтан и беж шешир на главата. Џенифер изгледала навистина неверојатно за нејзините години – на мускулите и стомачните би ѝ позавиделе и многу помладите колешки.

Рамен стомак, складно деколте, но и затегнати нозе – напорното вежбање и тоа како дава резултати! Пејачката открила дека вежба три до четири пати неделно и тренирала под водство на професионални тренери. Таа исто така открила дека повремено практикува строга диета која вклучува внесување на само 1.400 калории дневно, вегански детокс денови и потполно исфрлање на алкохол и кофеин.

Таа неодамна се осврнала и на фактот дека квалитетниот, долг сон е она што ја одржува млада. „Сакам да спијам добри 9 или 10 часа, но речиси никогаш не успевам да го сторам тоа. Значи, императив е тоа да биде 7 или 8 часа. Доколку не спијам толку многу, едноставно не се чувствувам добро. Станувам емотивна, цело време се чувствувам уморно и како да ќе полудам“, изјавила таа.

Џеј Ло открила уште еден од нејзините совети против стареење – никогаш не оди во кревет без да ја отстрани шминката и да го исчисти лицето, а употребата на хидрантна, ноќен крем е задолжителна.

 

останати вести