Ева Бергер пораснала во строго религиозно семејство, а открила дека и покрај тоа, на својата 21 година ја продала невиноста на своето момче на Интернет за помалку од 300 евра.
Руската убавица, некогаш професор по литература, првиот бакнеж го имала на 19 години, а како тинејџерка и било забрането да зборува за секс. Таа искрено проговорила и за своите први сексуални искуства.
– Да, тоа е вистина. Имав 21 или 22 години. Мојата прва љубов и првиот дечко не сакаа да имаат вагинален секс со мене. Станав фрустрирана и уморена од мојата невиност. Решив да се средам и да се извлечам од тоа. Најдов човек на Интернет. Се договоривме за цена од околу 200 или 300 евра. Отидов во хотелот и тој само го направи тоа, тоа е сè – рекла таа.
Ева ја раскажала целата своја приказна во подкастот LucaCast. А кога водителката ја прашала како се чувствувала по првиот пат, таа одговорила:
– Се чувствував слободна. Повеќе не морав да чекам принц или љубов на мојот живот. Се чувствував како жена – рекла таа.
Денес, Ева е инфлуенсерка со над 51.000 следбеници на Инстаграм. Таа моментално живее во Будимпешта, но некогаш била студентка без пари и работела како администратор во теретана во Санкт Петербург.
– Живеев во мал град и потекнував од многу религиозно семејство каде што не зборувавме за секс. Немав големо искуство во секс или било какво сексуално образование, и навистина го сакав тоа – изјавила таа.
Нагласила дека го изгубила својот татко кога била студентка, па тврди дека во тој период навистина и било потребно машко внимание, што ја поттикнало да ја продаде невиноста и да се ослободи, пишува Daily Star.