Шестогодишниот Бриџер Вокер (6) од американската сојузна држава Вајоминг, го ризикувал животот да ја спаси својата помлада сестра од бесно куче, па сам заработил 90 конци.
Имено, кучето ја нападнало неговата сестра, но момчето храбро скокнало пред него и кучето го гризнало по лицето и главата.
И покрај тоа што бил каснат, тој успеал да ја зграби својата сестра за рака и да избега од подивеното животно.
Неговата тетка Ники Вокер опиша на социјалните мрежи што се случило.
– Тој подоцна рече „ако некој требаше да умре, тоа требаше да бидам јас“. Тој синоќа се врати дома од болницата – напиша Ники на Инстаграм каде објави фотографија од момчето.
Семејството на момчето подоцна изјавило дека тие не го мразат кучето што го нападнало и дека сега биле уште поблиски со неговиот сопственик.
Инаку, светскиот боксерски совет, на кој припаѓа и Тајсон Фјури, одлучи да го награди малиот-голем херој за овој херојски чин, бидејќи „ги претставува најдобрите вредности кај луѓето“.
Од денес, Бриџер е почесен светски шампион!