„Вистински живот: Буквално отидов пешки на Оскарите. Ова е реално, тука нема да возат фенси автомобили!!“ напиша таа покрај видеото на кое полека оди во високи потпетици, облечена во елегантен долг фустан.

Видеото собра повеќе од 3,4 милиони прегледи и 286 илјади лајкови, а фановите коментираа дека сцената неодоливо ги потсетува на однесувањето на нејзиниот лик во серијата Домаќинки.

„Ова многу личи на Габриел Солис“, „Габриела на Оскарите“ и „Ме болат стапалата штом те гледам во тие штикли“, беа дел од коментарите на фановите.