Доктор Нико Беќаровски кој е и член на Комисијата за заразни болести вели дека континуирано земање на диазепам може да создаде зависност.
“1.300.000 препишани рецепти Диазепам во Македонија за 1 година !!!!!
И по 100-ти пат да повторам:
“КОНТИНУИРАНОТО ЗЕМАЊЕ ДИАЗЕПАМ ЗА САМО 4-6 НЕДЕЛИ, МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ ЗАВИСНОСТ”
За жал многумина колеги ја заборавија најважната медицинска поговорка
“PRIMUM NON NOCERE” (прво да не наштетиме)“ напиша д-р Беќаровски на својот Фејсбук профил.