ТРЕТА ЖРТВА НА КОРОНАВИРУСОТ: Почина 66-годишна пациентка од Дебар

by Тони Зографски

Почина 66-годишната пациентка од Дебар која веќе подого време беше во тешка состојба на Инфективната клиника, објави на прес конференцијата министерот Венко Филипче.

“Пациентката беше на возраст од 66 години, а долги години страдала од висок притисок“, појасни Филипче.

Таа е трета жртва на корона вирусот во Македонија.

Инаку, во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Пет се од кожната клиника. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 3 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (108),  Дебар (41) – 2 починати,  Куманово (11) – 1 починат, Штип (7), Велес (3), Кавадарци (2) Охрид  (2),  Прилеп (2), Гостивар (1).

 

останати вести