“НИЕ СМЕ НА РАБОТА, ВИЕ СЕДЕТЕ ДОМА“: Докторите од Дебар испратија јасна порака (ФОТО)

by Тони Зографски

Педијатарот од Дебар, Арбен Аголи, на својот Фејсбук профил објави фотографија со две свои колешки, со заштитна опрема, како упатуваат порака на македонски и на албански јазик: „Ние сме на работа, вие седете дома“.

Но тој исто така, упати апел да не се фрлаат ракавиците и маските на земја:

,, Почитувани мои пријатели немојте да ги фрлате маските и ракавиците насекаде,фрлајте ги во кошевите за ѓубре така придонесувате да не се прошири заразата,благодарам“-порача тој.

останати вести