На интернет кружи шокантна снимка од Австралија на која неименуван маж се обидел да избега од полицијата.
Најпрво седнал на оградата на тераса, а кога му пришло обезбедувањето, прескокнал. Не можејќи да се врати назад, паднал од петти кат.
Запрепастените сведоци изјавиле дека мажот излегол од базенот и истрчал низ блиската градина, пренесува The Sun.
Полицијата смета дека тој бил под дејство на недозволени супстанци и веднаш организирале претрес. Подоцна попладнето бил фатен.
Се испоставило дека тој побегнал во станот на неговите родители во Палм Бич. Засега не се знае зошто полицијата трагала по него, а истрагата е во тек.
Чудо е што не е сериозно повреден по падот, без разлика што „слета“ во базенот.