ДОТЕРАНА ДЕВОЈКА ВО ШТИКЛИ, ЛУПИ КОМПИРИ ВО АВТОБУС: Необично видео стана хит на социјалните мрежи (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во последните неколку дена социјалните мрежи се преплавени со необично видео кое наводно било снимено во автобус во Србија.

Видеото привлече големо внимание кај корисниците и предизвика многу коментари и шпекулации.

На видеото се гледа како девојка облечена во розов фустан и потпетици влегува во автобусот, седнува на своето место и вади вреќа со компири.

Изненадувајќи ги патниците во возилото, таа почнува да лупи компири со нож, додека останатите патници со неверување ја гледаат.

https://twitter.com/i/status/1678743608998912000

„Дали е можно ова да се прави во јавен превоз“, напишал корисникот кој го објавил видеото.

„Дали е можно ова да е реално?!“, „Секако, печам и компири, бидејќи некои автобуси се како фурни“, „Веднаш би се оженил со неа“, „Наскоро во автобус ќе сушат месо“, се дел од коментарите.

останати вести