Кога подготвувате вечера за себе или за член на семејството, со цел таа да биде полесна и да ви помогне да изгубите вишок килограми, би требало да се фокусирате и на храната што ја јадете во текот на денот – овој совет го даде руската нутриционистка Татјана Дик во интервју за „ РИА Новости“.
Според оваа нутриционистка, ако во текот на денот преовладуваат јаглехидрати, тогаш за вечера треба да се консумираат протеини и влакна. Добра опција, истакнува таа, е пилешко, риба или морска храна со салата од зеленчук.
„Можете да јадете и младо сирење или овошје со чаша јогурт“, вели Дик.
Доколку во текот на денот сте внеле помалку јаглехидрати, тогаш за вечера може да си приготвите печени компири во рерна или пилав.
Вклучувањето на јаглехидратите во вечерата, додава нутриционистката, е сосема прифатливо, а понекогаш дури и неопходно!