Од друга страна, можеби не сме биле подготвени да преземеме некаква акција за да промениме нешто, како местото на живеење или можеби нашиот поглед на светот, иако сè станало монотоно.

Експертите истакнуваат дека секоја промена лежи во нас, на пример, промената на нашето гледиште и преземањето одредени мали активности може да направат чуда. Еве од што да се ослободите за да бидете посреќни и ментално поздрави:

1) Одолговлекување

Одолговлекувањето честопати е одбранбен механизам за да не преземеме одговорност за нешто што нè чека и што треба да се реши. Избегнувањето и одложувањето може да доведат до стрес и да го спречат напредокот. Најдобро е да се одредат приоритети и да го преземеме она што можеме да го постигнеме. Ако сметате дека нешто е излишно, едноставно не трошете време на тоа.

2) Негативен став кон себе

Негативниот говор може да доведе до откажување. Најчесто тоа се речениците: „Не можам“, „Никој нема да ме сфати сериозно“, „Претешко е“. Самокритиката треба да се замени со позитивни афирмации и самоохрабрување со цел да се дојде до навистина значајна промена. Кога веруваме во себе, сè е лесно да се постигне.

3) Угодување на луѓето

Добро е да помогнете и на другите да им излезете во пресрет, но постојаното угодување без да мислите на себе е многу штетно. Наместо да бидете фокусирани само на другите и нивната среќа, правете го она што вас ве прави среќни. Ставете ги сопствените потреби на прво место бидејќи угодувањето на другите често резултира со занемарување на сопствената благосостојба. Започнете со поставувањето граници.

4) Споредба со другите

Ова е најштетно нешто за личната самодоверба и самопочит. Сите ние имаме мани и доблести, а споредбата никогаш не била добра ниту меродавна зашто ретко ги имаме истите појдовни точки како другите со кои се споредуваме, што е неопходно. Стремете се кон личен развој и ценете ги вашите успеси.

5) Перфекционизам

Тежнеењето кон совршенство може да биде голема пречка за напредок. Ова е точно, бидејќи секоја неостварена цел ја доживувате како неуспех. Никој не е совршен и совршенството не постои. Наместо тоа, треба да го прифатиме она што не можеме да го поправиме и да учиме од нашите грешки.

6) Негативни односи

Лошите односи и токсичните луѓе можат да го попречат нашето секојдневно функционирање. Затоа е најдобро или да ги исклучите таквите луѓе од вашиот живот или едноставно да го ограничите времето што го минувате со нив. Да се ​​биде покрај луѓе што ви ја трошат енергијата е навистина многу заморно и може да го попречи вашиот личен раст. Затоа е подобро да се опкружите со луѓе што ве инспирираат.

7.) Живеење во минатото

Каењето за грешките од минатото и гледањето наназад ќе ве спречи да живеете исполнет живот и да продолжите напред. Најдобар начин да се ослободите од минатото, според експертите, е да практикувате простување. Ослободете се од сè што не можете да промените. Фокусирајте се на сегашноста и на тоа како таа ќе влијае на иднината.

8.) Отпорност на промени

Ако навистина сакате да го промените вашиот живот, треба да ги прифатите промените и да не се плашите од нив, туку на нив да гледате како можност за личен раст и развој. Секоја промена бара време и напорна работа, затоа треба да бидете трпеливи и истрајни додека менувате некои обрасци на однесување и прифаќате позитивни промени во вашиот живот.