Рускиот олигарх Михаил Фридман се нашол на удар на критики откако изјавил дека не знае како ќе живее по санкциите кои го принудиле да живее со 3.000 евра месечно.
По руската инвазија на Украина, Михаил Фридман, милијардерот од Русија „тежок“ повеќе од 8,9 милијарди евра, бил погоден од санкциите на Европската унија за кои ќе мора да живее со 36 илјади евра годишно и му треба дозвола од британската влада за трошење пари. Иако неговата месечна сума е сосема доволна за пристоен живот, тој само три недели по воведувањето на санкциите изјавил дека тоа му е невозможно.
„Не знам како ќе живеам. Не знам, навистина не знам“, изјавил Фридман за Bloomberg, нарекувајќи ги санкциите неоправдани и неправедни. Поради неговите изјави, тој брзо се нашол на удар на критичарите и на потсмев на социјалните мрежи.
„Толку сум загрижен за тебе. Се надевам дека ќе успееш да преживееш со живот што многумина не можат да си го дозволат“, „Ова е толку трогателно“, „Дали некој се заебава со мене? Не би знаел што да правам со неговата месечна сума!“ Едвај врзувам крај со крај, но барем живеам фер и никому не нанесувам штета“, критикуваат корисниците на социјалните мрежи.
„Санкциите нема да ја сопрат војната“
Корисниците напишале и дека треба што поскоро да се обединат и да подготват акција за помош на луѓето како „сиромашните“ милијардери кои сега се принудени да живеат, како што велат, натпросечни животи.
На денот кога ги доби санкциите, Михаил поднел оставка од раководството на Алфа-банка, а иако не се согласува со нив, признал дека неговите проблеми се ништо во споредба со она што се случува во неговата родна Украина.
„Моите проблеми не се ништо во споредба со она низ што минуваат Украинците“, рекол Фридман, кој претходно изјавил дека верува оти санкциите нема да помогнат да се запре војната во Украина.
„Оние кои ги носат овие одлуки немаат поим како функционира Русија“, заклучил тој.