Најдобриот совет поврзан со стареењето го најдовме во една реченица на Шон Конери.
Кога ќе наполните 50 години започнува вашата слобода. Зошто? Децата пораснале, родителите ви се згрижени или мртви, а вие останувате сами со себе. Дури и доколку покрај себе имате сопруг или сопруга, вие сте сами.
Животот ве поставува во втората фаза која се нарекува старост, а во која ве чекаат уште три фази:
1. Старост
2. Старост
3. Финале
Тоа значи дека имате простор да го направите она што ве прави среќни. Што се однесува до жените, најдобро е да се потпрат на она што го кажал Шон Конери.
„Некои стареат. Некои созреваат“
Стареењето и созревањето е работа на избор. Болката е факт, а патењето е избор. Староста е факт, а патењето во однос на староста е избор.
Оној којшто ќе одлучи да старее не дека не може да направи многу работи. Станува збор за можностите на ослободување од мислењата. Стареете грациозно? Зошто да не.
Има еден човек којшто оди со мене во иста теретана. Тој има 72 години. Ефикасно вежба со тегови и има тело како Аполон. Можеби не како некое младо момче, но импресивно е тоа што го прави. Популарен е кај жените постари од 40 години. Иако внимава на бракот. Но, јасно е дека дамите се воодушевени од него.
Интересна личност. Работел цел живот, а сега работи како водечки машински инженер во една фабрика. Цел живот се занимава со спорт, има пет деца и една жена за цел живот. Има луѓе кои ве инспирираат со својот пример.
Значи, да се биде стар е избор!