,,Крв имаше насекаде, летаа чинии и мебел” – Масовна тепачка на крузер (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Патниците бегале во паника на британскиот крузер P&O’s Britannia, кој по седумдневното крстарење покрај Норвешка, бил на пат кон Саутемтон.

Новинарот на британската утринска програма “Good Morning Britain”, Ричард Геишфорд , кој бил на бродот раскажа дека инцидентот избувнал кога на еден од патниците не му се допаднала облеката на друг патник, кој бил облечен како кловн. Тепачката почнала во 2 часот по полноќ , по завршувањето на забавата на тема патриотизам.  Двајцата се степале на 16. кат на крузерот, а сведоците велат дека летале чинии и мебел, по што интервенирала безбедносната служба.

,,Крв имаше насекаде… Бродскиот медицински екипаж им помагаше на повредените , кои рекоа дека никогаш порано не доживеале нешто такво. “ , опиша новинарот.

,- Патниците беа многу исплашени, се криеја каде што ќе стигнеа … Секој кој беше вклучен во тепачката, последниот ден на крстарењето го помина затворен во во своите кабини , поради безбедноста –  рекоа патниците кои биле сведоци на инцидентот .

“Ние можеме да потврдиме дека сите гости го напуштаат бродот, а случајот е преземен од страна на локалната полиција”, рече портпаролката на P & O Cruises.

Полицијата во Хемпшир соопшти дека нивниот персонал отишол на крузерот веднаш штом се приближувал до Саутемптон, а истрагата е во тек.

останати вести