Овен (21.03 – 20.04)
Иако оставате впечаток на самокритично лице сепак не ги прифаќате советите од другите. Не сте подготвени да бидете реални во согледувањето на проблемот поради кој можеби сте пропуштиле некоја голема шанса да водите разговор за нешто што на долг рок би било во ваша корист. На некој му е многу важно да се сретне со вас, можно е да станува збор за некој Лав или Шкорпија.
Бик (21.04 – 21.05)
Напорен ден за вас ако по секоја цена сакате да направите нешто што ги надминува вашите финансиски способности. Ако се занимавате со научни истражувања, денес ќе доживеете голем успех. Се трудите да им бидете од корист на оние кои сметаат на вас. Во рамките на семејството сте премногу дарежливи и подготвени да го направите она што сите го очекуваат од вас.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Доколку сте во можност одвоете ги своите мисли и работните обврски и посветете му се на партнерот. Покрај тоа што од вас ќе го извлече најдоброто, што во моментот можете да го дадете ќе добиете нежност и љубов, а тоа ви е потребно повеќе отколку што мислите. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини.
Рак (22.06 – 22.07)
Денот е поволен за средби со пријателите. Најдете повеќе слободно време и поминете го со нив. Кај вас постои упорност да го наметнете своето мислење. Ќе добиете некоја награда или признание. На некој поранешен пријател му е многу важно со вас повторно да има добри контакти.
Лав (23.07 – 22.08)
Сакате да играте на сигурно, а понудена ви е работа во која би требало малку да ризикувате. Со жените имате многу динамичен однос, без оглед на вашиот пол. Семејството ќе ви додели одлични совети, променете го мислењето и послушајте ги. Верувате во добрите намери на некој Јарец или Овен.
Девица (23.08 – 22.09)
Не им замерувајте на пријателите ако немаат доволно добро изразена смисла за хумор. Имате можност за средба со некој кој долго време не сте го виделе. Некој Овен кој ви ветува нова работа, иако не му верувате, ќе го исполни ветувањето.
Вага (23.09 – 22.10)
Навистина придржувањето кон даден план и рутина ви дава чувство за контрола над вашиот живот, но тоа прави да ви недостига забава. Денес почитувајте ги правилата, но не претерувајте. Внесете мала доза на авантура во вашиот живот. Направете нешто непредвидливо. Прифатете нечија понуда за лудување.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
И покрај тоа што со сигурност знаете што сакате и како ќе постапите, сепак некој Бик ви ги мати плановите и ви создава сомнежи. Можеби треба да го послушате, тој е секогаш претпазлив. Вашето однесување ќе ја одалечи околината од вас. Ќе бидете сурови во постапките и некого ќе повредите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Сочувајте го оптимизмот и чувството за хумор денес. Настаните ќе бидат контрадикторни. Не барајте преголема идеалност на позитивното а не треба да бидете ниту премногу очајни за негативното. Вечерта иако многу уморни, ќе го сортирате овој ден во еден од најуспешните.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе имате прекрасна можност да разговарате со луѓе од вашата дејност и да размените неформални информации. Ќе ви бидат од голема корист. Пратете ги строго приходите и трошоците на вашите сметки во банката. Пратете ги исто така и фактичките трошоци кои ги реализирате непосредно. Можно е да постои некоја неправилност. Денот ќе ви помине мирно ако не ставате се што е важно и неважно при срце.
Водолија (21.01 – 19.02)
Бидете внимателни и настојувајте да избегнувате било какви штети. Повеќе ќе се движите отколку што ќе ги решавате проблемите, но сепак од тоа ќе извлечете некаква корист. Ќе мора контактите со луѓето да ги подобрите, а со тоа и ситуацијата на работното место.
Риби (20.02 – 20.03)
Напорен ден, исполнет со непријатни изненадувања. Не ги земајте при срце. Пред да се нурнете во депресија помислете си дека може да биде и полошо. Денес посветете му поголемо внимание на семејството. Внимавајте на кого му се доверувате, некој во вашата близина ги искористува информациите кои ги добива од вас.