ЧАСОВИТЕ ЌЕ ТРААТ 20 МИНУТИ: Учениците од септември со маски се враќаат во клупите

by Тони Зографски

Учениците ќе се вратат во училишните клупи. Со маски и вршејќи редовна дезинфекција на рацете и со часови кои ќе траат по 20 минути. Вака ќе се одвива наставата од септември – објави ТВ 21.

Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Ова е еден од начините на кој ќе се реализира учебната година од септември, изјавила заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска.

Ако во некое одделение има деца со хронични болести, тогаш тие наставата ќе ја следат онлајн. Се разгледува можноста како да се реализира тоа.

останати вести