Полугола девојка падна од прозорец врз автомобил во текот на секс (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Бизарна сцена се случи на Тајпеј кога полугола жена падна од тераса на покривот на автомобил за време на интимни односи, а за да биде уште полошо, нејзиниот пад го сними камера.

Несреќната жена била интимна со својот партнер во моментот кога се лизнала од работ на терасата од стан во Тајпеј и паднала врз паркиран автомобил.

Инцидентот, што се случи на 5 септември, беше снимен на снимките од камерите за видео надзор и покажува незгоден момент во кој една жена паѓа на црна лимузина паркирана пред станбена зграда.

žena, pad, terasa, automobil
FOTO: PRINTSCREEN/VIRALPRESS

Ударот бил толку силен што жената оставила огромен вдлабнатина на покривот на автомобилот, пишува Сан.

Паднала само во маичка и долна облека, а нејзините шорцеви виселе од едната нога.

Неколку моменти по ударот, жената се превртела во агонија и почнала да го трие грбот во, како што изгледа, силни болки.

На крајот, таа се собрала и отиде до страната на автомобилот каде нејзиниот партнер без кошула избезумено истрча да ја бакне и прегрне.

žena, pad, terasa, automobil
FOTO: PRINTSCREEN/VIRALPRESS

 

Прилично шокиран набљудувач за локалните медиуми рече: „Одев дома кога се случи тоа. Не ја видов како паѓа, но слушнавме силен тресок и таа веќе беше на покривот од автомобилот. Потоа дојде човек и и помогна“.

Жената била однесена во болница каде и биле дијагностицирани повреди на грбот, поради што ќе треба да остане на лекување неколку недели.

Таа во моментов е во стабилна состојба.

Двојката исто така мораше да плати надомест за автомобил што му припаѓа на маж кој живеел во соседството.

Снимката може да се погледне ОВДЕ

останати вести