Овен
Денес на работа ќе го дадете својот максимум. Вредни сте и тоа го гледаат сите околу вас. Поради тоа очекувајте пофалби или напредок. Подобро организирајте ги своите обврски. Можете да се потпрете на други ако ви требаат некои услуги.
Бик
Размислете добро дали сакате да трошите пари на некое патување, ако не сте ги платиле сметките. Денес бидете реални и практични. Не одете по своите желби. Ако има потреба од усовршување на работа сега е време за тоа.
Близнаци
Денес имате премногу обврски и сте под стрес. Работата може да ја реши само добра организација. Се нервирате поради се, затоа би било добро да се видите со пријателите после работа и да разговрте за се’ што ве мачи.
Рак
Ако сте во врска, се’ ќе биде убаво, со партнерот ќе уживате. Ако сте слободни можни се убави љубовни случувања па немојте да седите дома. Одлично сте расположени и се’ ви поаѓа од рака.
Лав
Се двоумите дали повеќе да работите или да одморате. Секако, знаете дека се’ зависи од Вас и дека работата нема да чека. Добро се чувствувате, иако сте малку расеани, но потрудете се да не ги запоставувате своите обврски поради тоа.
Девица
Ако сте во врска – се’ пука од страст. Ако сте слободни повеќе лица можат да ви делуваат привлечно. Избирајте внимателно. Платете ги сметките на време.
Вага
Повеќе време минувајте дома, со семејството, тоа ќе ви годи. Прашајте други за совет или услуга, не мора секогаш се’ да зависи од вас.
Скорпија
Подобро организирајте ги своите деловни обврски. Добро се чувствувате. Не се нервирајте ако се’ не оди како што сте замислиле туку прво направете го она што е приоритет. Можен е пад на имунитетот и главоболка, од стрес.
Стрелец
Имате зголемен прилив на пари и ќе бидете доста задоволни. Не се нервирајте ако не оди се според планот, туку бидете упорни да остварите се’ што сте замислиле. Позитивни сте и лесно доаѓате до договор со други.
Јарец
Денес, што и да направите нема да можете да се чувствувате добро. По малку сте чувствителни, но сте романтични и сакате повеќе да му се посветите на партнерот, семејството а помалку на работата. Тоа не ви е својствено. Немојте премногу сериозно да ги сфаќате замерувањата на блиските луѓе. Тие имаат добра намера.
Водолија
Не се чувствувате баш најдобро, но би било добро со пријателите да го поделите проблемот што го имате. Не се нервирајте ако секој нема доволно разбирање за вас. Денес е ден за забава, не за работа, најдете повеќе време за релаксација.
Риби
Не се откажувајте од забава или некое излегување. Очекуван е и прилив на пари.Денес обидете си ја среќата во некоја наградна игра, добар ден е за тоа. На работа се’ ќе биде добро па токму затоа не би требало да останувате после работното време, туку одвојте време за опуштање и приватен живот.