СРПСКА РАБОТА: Драган Марковиќ Палма отвори јавен тоалет среде нива крај Јагодина (видео)

by Тони Зографски

Градоначалникот на Јагодина, Драган Марковиќ Палма им гради полски тоалети и туш кабини на селаните кои работат на нивите околу овој град.

Како што изјави овој несекојдневен политичар, многу му пречи што земјоделците ги нарекуваат селани. Тој сака дури и во нивите , овие луѓе да имаат услови за лична хигиена.

Сетоа ова беше проследено од неколку новинарски екипи, меѓу кои и државната РТС, а Палма беше придружуван од бројни соработници.

Палма има намера да постави вакви тоалети во нивите на сите 52 јагодински села.

останати вести