Овен (21.03 – 20.04)
Денес сте комплетно сконцентрирани и фокусирани на обврските кои се пред вас. Вашата интуиција одлично ќе ве служи овој ден, па искористете ја најдобро што можете. Оптимизамот и ентузијазмот денес нема да ве напуштат, дури ни кога се работи за партнерските односи. Ќе уживате во едно ново познанство.
Бик (21.04 – 21.05)
Денешниот ден ќе го поминете вообичаено, а доколку завладее досадата пронајдете нешто што ќе ве одржува среќни. Доколку имате хоби, уживајте во него. Размислете и погледнете колку сте далеку од вашите цели, дали сте на вистинскиот пат и дали треба нешто да промените.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес вашата интуиција и снаодливост нека ви послужи во идеите за нови проекти и шансите за заработка. Слободното време искористете го за вашиот партнер, кој едвај чека да ве види. Фокусирајте се на иднината и се ќе биде во ред, можни се и неколку нови пресврти на љубовен план.
Рак (22.06 – 22.07)
Ова за вас е ден во кој ќе уживате, ќе се опуштите и нема да размислувате на проблемите. Во вечерните часови закажете ја средбата која долго време ја планирате. Ќе поминете одлично доколку сите ваши размислувања ги поврзете со оптимизмот.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе бидете во ситуација да се занимавате со нешто кое за вас ќе биде непозната област, со која вие немате никаков допир. Споделете ги вашите проблеми со најблиските и побарајте нивно мислење. Можете да добиете целосно решение за вашите проблеми или делумни идеи кон кои можете да го насочите вашето внимание.
Девица (23.08 – 22.09)
Денеска многу ќе сакате да се дружите со пријателите. Посебно денес нивното друштво многу ќе ви значи. Во домот ситуацијата е наелектризирана и полна со некоја таинственост и поради тоа ќе побарате мир надвор од домот. Внимавајте во разговорите и не ја истакнувајте вашата интелектуална надмоќ.
Вага (23.09 – 22.10)
Обврските се множат, но вам сето тоа ве исполнува и задоволува. Случувањата кои следат на работното поле само ќе ви отворат уште многу можности за напредок. Ќе бидете при крај со силата, но сепак ќе бидете задоволни. Се обидувате реално да ја согледате својата професионална приказна, но ве мачат некои случувања од минатото и повредената гордост.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес ќе се почувствувате посрамено бидејќи околината јасно ги сфатила вашите намери. Не навлегувајте во расправии, туку прифатете дека вашиот план не бил фер кон останатите. Ќе ви биде многу полесно доколку ја намалите вербата само во себе и сарказмот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес се ви изгледа премногу емотивно и не знаете од каде да започнете. Надминете ги своите стравови и не ја сфаќајте погрешно околината. Покажете ја вашата позитивна страна која е навистина моќна и не се плашете дека некој сака да ви наштети. Потребен ви е договор кој ќе го направите самите со себе.
Јарец (22.12 – 20.01)
Моменталниот недостаток на пари ве вознемирува бидејќи ги ограничува вашите слободни активности. Подобро е да прифатите да ги решавате вашите финансиски проблеми отколку да ги избегнувате бидејќи така нема да забележите напредок. Сепак, денес би можеле да добиете идеја како да се забавувате иако сте окупирани со животните проблеми.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денешната задача за вас е да ја избалансирате вашата креативност со моменталните можности. Ситуацијата се менува од момент во момент, а вие морате да го одберете вистинскиот момент во кој ќе делувате. Претерувањето никогаш не е добра опција па затоа контролирајте ја вашата енергија со цел работите да не излезат од контрола. Послушајте го советот од надреденото лице.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес сте креативно блокирани од сопствениот страв и анализирањето на вашите постапки. Туѓото мислење ви е поважно од вашето. Ако во нешто верувате потребно е искрено да се залагате за тоа. Ќе добиете пофалба од некое лице кое многу ве цени, но вие можете да го повредите со вашата ладнокрвност.